klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Николоски: Секогаш сме спремни за избори, би сакале и најверојатно ќе одиме на редовни

Николоски: Секогаш сме спремни за избори, би сакале и најверојатно ќе одиме на редовни
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 08. 2026. 18:41:56

Ние сме секогаш спремни за избори. Кога која било влада ќе влезе во вториот дел од мандатот нормално е да се очекуваат избори во даден момент. Ние би биле среќни доколку одиме на редовни избори, доколку ги реализираме проектите на коишто сме фокусирани, но секогаш сме спремни и за предизвик којшто во моментот го нема, така што најверојатно ќе одиме на редовни избори, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. За немањето договор помеѓу власта и опозицијата за Изборниот законик Николоски во интервју за „Вести плус“ на ТВ Канал 5 рече очекува дека до изборите во 2028 „ќе надвладее разумот“. -Наше барање е да се овозможи еднакво избирачко право на сите граѓани на Македонија, а тоа се и луѓето коишто живеат во дијаспората, така што се надевам дека ќе се изнајде решение, рече вицепремиерот. Во врска со обвинувањата од опозицијата дека Владата ја изолира земјата од европскиот пат и не е транспарентна и дали очекува конзенсус меѓу партиите за одржливо решение Николоски одгвоори дека „консензус треба да се гради со оние коишто го создале проблемот“. -Добро би било да има консензус, иако оние со коишто треба да се гради консензус се оние кои го создадоа проблемот. Додека…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti