klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Николоски: Првите километри од автопатот Тетово – Гостивар ќе бидат готови идната година

Николоски: Првите километри од автопатот Тетово – Гостивар ќе бидат готови идната година
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·10. 07. 2026. 10:56:40

Првите километри од автопатот Тетово – Гостивар се очекува да бидат завршени во текот на следната година, а доколку градежните работи продолжат со сегашната динамика, целиот автопат треба да биде пуштен во употреба до крајот на 2028 година, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пренесе МИА. При посетата на Општина Тетово, Николоски истакна дека проектот напредува според планираното, откако се решени сите прашања поврзани со експропријацијата. -Во моментов се работи на дислокација на инсталациите, а паралелно се градат и надвозници за да не се наруши поврзаноста на населбите од двете страни на автопатот. Ако продолжиме со ова темпо, следната година ќе ги видиме првите завршени километри, а до крајот на 2028 година автопатот ќе биде целосно завршен – рече Николоски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti