klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Николоски: Преку 9 милиони евра инвестираме за побрз развој на Прилеп

Николоски: Преку 9 милиони евра инвестираме за побрз развој на Прилеп
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·21. 08. 2026. 11:57:19

Преку разни програми од Министерството за транспорт инвестираме над 9,5 милиони евра во Прилеп, во нови улици, канализациони и водоводни системи и урбан развој. Паралелно со инвестициите во општината, забрзно се работи на изградба на автопатот Прилеп -Битола, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при работната посета во Прилеп. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан Проданоски извршија увид во реализација на инфраструктурни проекти во општината. "Континуирана е поддршката за општината од страна на Владата и заеднички со градоначалникот и со неговиот тим работиме на реализација на проекти. ​Само преку разни програми од Министерството за транспорт вкупно се инвестираат 580 милиони денари или околу 9,5 милиони евра. Во првиот повик беа некаде околу 3 милиони евра, во вториот повик се некаде околу 4,5 милиони евра, на тоа имаме програма заедно со Светска банка од околу 350 илјади евра и не ги забораваме оние на коишто им е најмногу потребна поддршката — тоа се социјално загрозените. Околу милион и пол евра се инвестираат преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор во изградба на зграда со социјални станови, која што до крајот на годината треба да е завршена и до пролет да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti