klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·06. 08. 2026. 09:06:32

Покажуваме како може да се реализираат проекти, да се решаваат проблеми од минатото, да се стават работите на вистинските шини и да се движат, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред потпишување на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8. Како што истакна Николоски, денешното потпишување претставува продолжување на визијата што ја постави оваа Влада - Македонија да ја искористи својата уникатна позиција како раскрсница на двата коридора, 8 и 10 и на тој начин да го докаже своето место како срце на Балканот. - Изградбата на коридорот 8 е еден од врвните приоритети на Владата. Ова е исклучително значаен ден зашто по скоро две години работа доаѓаме до реален и остварлив проект, што може да биде реализиран. Успеавме да постигнеме договор со Бугарија за изградба на прекуграничен железнички тунел што треба да ги спои двете држави. Очекуваме на крајот од овој месец да се одржи вториот меѓувладин состанок во Скопје, а пораката е јасна - двете држави испраќаат заедничко писмо до ЕУ, ЕИБ и ЕБОР, за обезбедување грант за изградба на тунелот кои, убеден сум, ќе бидат далеку поголеми од оние грант средства за кои досега се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti