Николоски од Струмица: Работиме на инфраструктурни проекти вредни над 90 милиони денари

Работиме на изградба на огромен проект во село Просениково, проект за атмосферска канализација која треба да го реши проблемот за околу 1700 жители во Просениково. Дополнително се работи и на други комунални проекти во Босилово и Василево, финансирани од буџетот на Министерството за транспорт, истанка денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при работната посета на Струмица. Тој заедно со градоначалникот Петар Јанков извршија увид во изградбатa на атмосферската канализација, инвестиција од 48 милиони денари. “ Кога бевме во кампања, заедно со сегашниот градоначалник, а тогаш кандидат, а ова беше големо ветување и драго ми е што еве веќе го реализираме. А се трудам секогаш да го одржиме зборот. Пристојните услови за живот се наш императив и затоа се обидуваме да инвестираме во вакви проекти. Рокот за завршување е до октомври месец 2027 година, но веќе зборувавме со изведувачот и со градоначалникот, доколку успеат да го завршат оваа година, Министерството за транспорт обезбеди средства да се заврши и оваа година, така што од наша страна финансиски стимул има. Сега е на општината и на изведувачот да овој проект се заврши, па веќе в година да влеземе во реализација на нови проекти” – изјави Николоски. Тој додаде…


