Николоски од Крушево: Историската борба за државност денес ја продолжуваме со развој и инвестиции

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека 2 Август – Илинден е најсилниот доказ за вековната борба на македонскиот народ за своја самобитност и државност, истакнувајќи дека тој историски пат започнал во 19 век, а својата кулминација ја достигнал со независноста на Македонија во 1991 година. Во изјава од Крушево по повод одбележувањето на националниот празник, Николоски нагласи дека идејата за македонската држава се градела низ повеќе историски периоди. -Идеалот почна да се гради уште во 19 век, преку преродбата, продолжи со Разловечкото и Кресненското востание, ја доби својата круна со Илинденското востание во 1903 година, продолжи преку антифашистичката борба и АСНОМ на 2 август 1944 година, а својата кулминација ја доживеа на 8 септември 1991 година, кога Македонија ја прогласи својата независност, изјави Николоски. Тој оцени дека овој историски и политичко-правен континуитет е јасен доказ за истрајната борба на македонскиот народ за сопствена држава и национален идентитет. Осврнувајќи се на актуелните инфраструктурни проекти, Николоски истакна дека денес Македонија се развива со најсилно инвестициско темпо досега. -Нема дел од државата во кој не се реализираат проекти. Се спроведуваат повеќе од 1.200 општински проекти, се инвестира во железницата и автопатиштата. Македонија во моментов гради шест автопати, ја гради железницата…


