klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка, безобразно е тоа што го прави опозицијата со одморот на премиерот

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка, безобразно е тоа што го прави опозицијата со одморот на премиерот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·10. 08. 2026. 20:41:44

Нема ништо тајно. Владата има јасна и цврста позиција дека нема да прифати уставни измени под бугарски диктат, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител телевизија, нагласувајќи дека блокадата од страна на Софија е политичка и нема врска со реформскиот напредок на земјата и дека Македонија во моментов постигнува најдобри резултати во однос на реформската агенда. Осврнувајќи се на критиките од опозицијата за престојот на премиерот во Брисел, Николоски ги нарече „безобразни“, појаснувајќи дека се работи за приватна посета и право на краток одмор со семејството. Прашан што се случува во преговорите со Бугарија, Николоски во гостувањето на Сител телевизија, изјави дека работите се тие коишто ги знаеме - од една страна имаме наследен договор којшто претходната Влада го потпиша така како што го потпиша, а најголем проблем е дека потпиша договор којшто не беше во можност да го испорача, а од друга страна имаме многу јасна и цврста позиција на ВМРО-ДПМНЕ и на сегашната Влада дека нема да има уставни измени под бугарски диктат. -Нормално е двете држави да комуницираат, нема ништо страшно во комуникацијата. Поентата е дека доколку се најде решение, тоа ние инсистираме и така ќе биде, да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti