klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Николоски: Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид ќе биде пуштена во следните месеци, целосно завршување до мај следната година

Николоски: Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид ќе биде пуштена во следните месеци, целосно завршување до мај следната година
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 08. 2026. 17:47:06

Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид во должина од десет километри ќе биде пуштена во употреба во следните месеци, додека рокот за целосно завршување и предавање во употреба на целиот автопат е мај следната година. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во денешното гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, нагласувајќи дека најголем дел од капацитетите на Министерството се насочени токму кон овој проект поради бројните наследени проблеми. - Очекувам во следните месеци да биде пуштена најтешката делница од 10 километри, каде што има галерии, мостови, вијадукти и каде што е тунелот којшто ќе е најдолг во државата. Едната цевка е од 2 километри, другата цевка е од 2 километри и 100 метри, така што очекувам оваа делница да биде пуштена во следните месеци и со тоа пополека ќе се комплетира Охрид-Кичево - истакна Николоски. Оцени дека автопатот Кичево-Охрид останува најголемиот предизвик за Министерството. – Околу 80 проценти од времето и енергијата ги трошиме на Охрид-Кичево, а 20 проценти на сите останати проекти. Го наследивме со толку многу проблеми што бара секојдневен ангажман, но сега веќе се гледаат резултатите - рече Николовски. Осврнувајќи се на генералната слика за капиталните инвестиции, министерот потенцираше дека градежништвото и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti