Николоски на поставување на камен темелник на Лидл маркет во Струмица: Се бориме за секоја инвестиција, секое евро и за секое работно место

Означуваме почеток на навистина еден огромен објект за Струмица и за целиот регион. Сакам да честитам, како овој простор изгледаше само пред неколку месеци, како изгледа денес а како ќе изгледа за неколку месеци е навистина една целосна трансформација. Драго ми е што најголем бренд во трговијата, во продажбата како што е „Лидл“ доаѓа во Македонија, тоа многу значи. Многу значи за државата, за мапирање на државата, многу значи и за бизнис климата. Драго ми е што можеме да дадеме поддршка и да овозможеме да се реализираат инвестиции кој што се некаде околу 200 миулиони евра во државата, истакна денеска при своето обраќање на поставувањето на камен темелник на маркет на Лидл во Струмица вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Се бориме за секоја инвестиција, за секое евро, за секое работно место. 200 милиони евра за нашата економија, како македонската е огромна работа, рече Николоски. -Во однос на овој објект, сметам дека ќе даде голема можност за развој на целиот регион, дека ќе ги донесе најдобрите производи за потрошувачите од Струмица и струмичко, истои така сум убеден дека Лидел Македонија тука но и пошироко ќе ги препознае најдобрите производи од Струмица и струмичко, најдобрите раноградинарски работи се произведуваат токму…
Povezane vijesti

Тројца тинејџери однесени од надојдените води на Треска, екипи и граѓани ги спасуваа

Луксузни возила и недвижен имот одземени од осомничениот дилер Цуна во Кочани
