klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Николоски: На барање на дијаспората ја отворивме линијата Женева – Скопје, работиме и на експресниот пат Радовиш – Струмица – Ново Село

Николоски: На барање на дијаспората ја отворивме линијата Женева – Скопје, работиме и на експресниот пат Радовиш – Струмица – Ново Село
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·05. 08. 2026. 20:10:21

Вицепремиерот Александар Николоски вечерва присуствуваше на партиски настан во Ново Село, организиран од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се сретна со претставници на македонската дијаспора, членови и симпатизери на партијата. Во објава на социјалните мрежи, Николоски истакна дека настанот поминал во, како што наведе, „прекрасна енергија, позитивна атмосфера и патриотизам“, нагласувајќи дека заедно со присутните разговарале за проектите насочени кон подобрување на животот во државата. Тој посочи дека токму на барање на дијаспората била отворена директната авионска линија Женева – Скопје, која, според него, значително ќе ја олесни комуникацијата и почестите посети на иселениците во Македонија. Николоски најави и дека се работи на проектот за изградба на експресниот пат Радовиш – Струмица – Ново Село, оценувајќи го како важен инфраструктурен проект што ќе придонесе за подобра поврзаност и развој на регионот. „ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, обединета и силна“, порача Николоски во својата објава.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti