klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Николоски: Македонија раскрсница на Балканот- стратешката визија на Владата се реализира

Николоски: Македонија раскрсница на Балканот- стратешката визија на Владата се реализира
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·26. 08. 2026. 10:40:41

Денеска започнуваме проект преку кој ја реализираме јасната визија на Владата, Македонија да ја направиме раскрсница на Балканот и своевидно „срце на Балканот“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на почетокот на изградба на автопатот Скопје - Блаце. „Кога оваа Влада беше формирана во 2024-та година, јасната политика и визија на премиерот Мицкоски беше дека Македонија треба да стане раскрсница на Балканот, да ја искористиме нашата уникатна положба каде што два паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10. Денеска почнуваме таков проект којшто оди во таа насока и само со една таква јасна политика и јасна визија ова може да се случи. Затоа што секоја Влада има различни приоритети, приоритетот на оваа Влада е напредок, соработка, економски развој и на тој начин развој на државата и на целиот регион", потенцираше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti