klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Николоски: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

Николоски: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·22. 10. 2026. 10:54:15

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани геополитички случувања. И затоа стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност - ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер. “ Регионално, Македонија граничи со Европската Унија и на југ и на исток, околу нас се земји кандидати за членство во ЕУ, така што сме опкружени со Европската Унија и природно е да сакаме да соработуваме. 76% од извозот на Македонија оди кон земји членки на Европската Унија, 46% од увозот доаѓа од земји членки на Европската Унија и природно е да сакаме да ја искористиме поврзаноста. Македонија има уникатна географска положба која што ја нема ни една друга држава во регионот на Југоисточна Европа и тоа е нешто што може и мора да го искористиме. И затоа стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори” – се обрати Николоски. Говорејќи за развојот на коридирите, тој ги…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti