Николоски: Извештајот на СБ според кој Македонија е со најголем раст на авио летови и туризам- мотив за уште поголема работа и посветеност

Извештајот на Светска банка според кој Македонија е со најголем раст на авио летови и туризам во Европа и Централна Азија мотив за уште поголема работа и посветеност, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од страна на Светска банка. Успехот и растот на авиосообраќајот во Македонија е нотиран во анализата на Светска банка за раст на туризам. Со раст од 40% на годишно ниво, Македонија е препознаена како најдобар пример за држава со најголем раст во патници на пристигнување во Европа и Централна Азија. Со мерката за субвенционирање на нови авиолинии и успесите што ги постигнуваме, Македонија е позиционирана на врвот во привлекување нови туристи и придвижување на економијата преку туризмот, рече Николоски. Овие успеси се потврдуваат и преку работата на охридскиот аеродром каде само во еден ден опслужени се рекордно преку 3 илјади патници, што за аеродром од овој тип е огромен успех. -Продолжуваме во следниот период со уште повеќе инвестиции во авиосообраќајот и туризмот, вели вицепремиерот и министер за транспорт.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Мицкоски: Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гости
