klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Николоски: Изработен проект за стабилизација и санација на патот за Теферич

Николоски: Изработен проект за стабилизација и санација на патот за Теферич
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·16. 07. 2026. 08:39:17

Сериозното свлечиште кое пред четири месеци се појави на патот за Теферич, ќе го решава Министерството за транспорт. Ова денеска го потврди вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски кој нагласи дека се работи за голем и сериозен проблем. -Проблематиката е поголема од можностите и капацитетите кои ги имаат Општина Кисела Вода и Градот Скопје, затоа премиерот Мицкоски реализираше една работна средба помеѓу Министерството за транспорт, општината и Градот и во вторникот на седница на Влада е донесена одлука со која целокупниот проект го презема Министерството, истакна министерот. Николоски нагласи дека веќе имаат изработено проект за стабилизација и санација. -Очекувам во најскоро можно време, не подоцна од следната недела, да излезе тендерот за избор на изведувач и да можеме да работиме на санација и пред почетокот на зимата таа санација да биде завршена. Целокупната проблематика ја превзема Владата преку Министерството за транспорт, појасни Николоски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti