Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија

Проектите како автопатот Скопје-Блаце чија изградба ја почнуваме денеска се резултат на јасната политика и визија на Владата за развој на државата, порача денеска заменик-претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, на поставувањето камен-темелник за изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце во должина од 10,5 километри. Николоски посочи дека почнува нов проект којшто за неколку години ќе донесе дополнителен развој и силно поврзување на нашата држава со Косово и со Црна Гора, отворање кон најмалку две пристаништа - дополнително отворање кон пристаништето Драч и отворање кон пристаништето Бар и уште повеќе зацврстување на Македонија како крстосница на Балканот. Сите овие проекти, посочи вицепремиерот Николоски, можат да се случат само и доколку има јасна политика и јасна визија за развој на државата. -Кога оваа Влада беше формирана во 2024 година, јасната политика и визија на премиерот Христијан Мицкоски беше дека Македонија треба да стане крстосница на Балканот, да ја искористиме нашата уникатна положба каде што два паневропски коридори — Коридорот 8 (Исток-Запад) и Коридорот 10 (Север-Југ) се пресекуваат, а на нив се надоградуваат и Коридорот 11 и Коридорот 6 којшто води од тука, и на тој начин да можеме државата да ја направиме срце на Балканот. Денеска почнуваме…
Povezane vijesti

Srušio se avion u Sjedinjenim Američkim Državama, među poginulima i dijete

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
