Николоски: Четири милиони патници годишно во авиосообраќајот е реално остварливо

Авиокомпанијата Виз ер во нивната база на скопскиот аеродром додаде уште еден, седми авион. На денешниот настан по овој повод, присуствуваа заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, Неџат Курт - Генерален директор на ТАВ Македонија и Андраш Сабо, Офицер за развој на авиолинии во Виз ер. -Често знам да кажам дека Виз ер практично стана национален авиопревозник на Македонија. Бројките и дестинациите го покажуваат тоа. Овие успеси се резултат на заедничка работа. Ако минатата година, само компанијата Виз ер превезе 1.700.000 патници, веќе за првите шест месеци од оваа година превезе 1.200.000 патници, што јасно го покажува растот. Ако пред неколку години се боревме за два милиони патници годишно, сега мислам дека она што беше незамисливо, 4 милиони патници годишно е нешто што е реално остварливо, посочи Николоски во обраќањето. Тој истакна дека има многу нови дестинации и рути, од кои две се отворени неделава за Италија Директорот на ТАВ Македонија, Неџат Курт нагласи дека новиот авион носи нови работни места на аеродромите, но и нови можности за туризмот, угостителството, трговијата. -Седмиот авион значи дека е директно поврзан со економскиот развој на земјата со поцврста интеграција во европските и глобалните економски текови. Со ова се поддржува и…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

(ВИДЕО) Невреме со силен ветер и дожд го зафати Скопје
