klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Николоски: 9 милиони евра инвестирaме во Вeлес во проекти за инфраструктура, станува подобро место за живеење (ФОТО)

Николоски: 9 милиони евра инвестирaме во Вeлес во проекти за инфраструктура, станува подобро место за живеење (ФОТО)
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·20. 07. 2026. 10:53:01

Владата, преку Министерството за транспорт инвестира околу 9 милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски престојуваше во работна посета на општина Велес, каде со градоначалникот Марко Колев направија увид на бројни проекти што се реализираат со поддршка на Владата и Министерството. „Со гордост можам да кажам дека Владата преку Програмата за инфраструктурни проекти во општините и преку проектот кој го имаме со Светска банка инвестира околу 9 милиони евра, што е исклучително значајна сума за развојот на инфраструктурата. Денеска гледаме започнување на работа на две улици, а една е веќе завршена и драго ми е што преку соработката која што ја имаме со Светска банка веќе се завршени 3 проекти, во вредност од половина милион евра, а тоа се: ул. "8-ми Мај", "Љубљанска" и "Луи Пастер", и исто така во скоро време беше завршена и зградата, каде што има социјални станови.“, изјави Николоски. Вицепремиерот нагласи дека Владата ќе продолжи со силната поддршка за Општина Велес и во наредниот период. „Ќе продолжиме да ја поддржуваме Општина Велес, да соработуваме со градоначалникот, Советот и пратениците, а преку координацијата што ја прави Премиерот да обезбедиме уште…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti