klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Никој како Меси: Аргентинецот собори рекорд што никој пред него не успеал да го достигне!

Никој како Меси: Аргентинецот собори рекорд што никој пред него не успеал да го достигне!
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·28. 06. 2026. 12:45:19

Лионел Меси продолжува да ги поместува границите на светскиот фудбал. Капитенот на Аргентина испиша нова страница во историјата, откако стана првиот фудбалер кој успеал да постигне гол на седум последователни натпревари на Светските првенства. До историското достигнување стигна во натпреварот од последното коло на групната фаза против Јордан, кога во 80. минута мајсторски ја затресе мрежата од слободен удар и ги постави конечните 1:0. [kurir_wc_match_group_box fixture_id="1489421"] Претходно токму над него беше направен прекршок на работ од шеснаесетникот, а потоа со прецизен удар по земја, низ живиот ѕид, ја испрати топката во долниот лев агол од противничкиот гол. Со тој погодок Меси стигна до својот 19. гол на Светските првенства, дополнително подобрувајќи го сопствениот рекорд како најдобар стрелец во историјата на Мундијалите. Воедно, тоа беше негов 72. гол од слободен удар во професионалната кариера, односно 12. во дресот на аргентинската репрезентација. Аргентинската суперѕвезда досега постигна 123 голови на 202 настапи за аргентинската репрезентација и се наоѓа на второто место на вечната листа на репрезентативни стрелци. Пред него е само Кристијано Роналдо со 145 погодоци. Пред да остане осамен на врвот на оваа статистика, Меси рекордот го делеше со легендарниот Французин Жист Фонтен и Бразилецот Жаирзињо, кои своевремено постигнуваа голови на шест…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti