klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Никој како Алекс Баена: Прв фудбалер со светска, европска и олимписка титула

Никој како Алекс Баена: Прв фудбалер со светска, европска и олимписка титула
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·20. 07. 2026. 14:17:54

Шпанскиот фудбалер Алехандро Баена Родригез, попознат како Алекс Баена, оствари единствено достигнување во историјата на фудбалот. Баена стана првиот играч што во кариерата ги освоил титулите на Светското првенство, Европското првенство и Олимписките игри. „Светски шампион. Европски шампион. Освојувач на олимписки златен медал. Единствениот во целата историја на фудбалот. Алехандро Баена Родригез“, објави неговиот клуб Атлетико Мадрид. Дваесет и петгодишниот фудбалер минатото лето пристигна во Атлетико од Вилјареал за 42 милиони евра. За шпанската репрезентација досега одигра 24 натпревари и постигна три гола. На неодамна завршениот Мундијал постигна еден погодок, во победата од 1:0 над Уругвај во групната фаза. Баена во 2024 година беше дел од сениорската репрезентација на Шпанија до финалето на Европското првенство на 14 јули, а само десет дена подоцна настапи и за олимписката селекција на Игрите во Париз. Во олимпиското финале против Франција постигна гол во регуларниот дел, кој заврши 3:3, а Шпанија по продолженијата славеше со 5:3 и го освои златниот медал. Со освојувањето на светската титула во 2026 година, Баена ја комплетираше уникатната колекција трофеи и влезе во фудбалската историја.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti