Ни Бугарите не „пијат нафта“: „Доколку навистина била болна, ќе одеше директно во болница, а не да станува ѕвезда по телевизиите!“

Не сите Бугари ја прифатија со „песна“ прикаската на Ива Михаилова. Еве дел од нив: „Може сите да ја оправдувате Ива Михајлова, но никој не го спомнува нејзиниот татко, кој исто така е осуден и избеган во Бугарија. Дали на секој што сте му дале пасош му дозволувате да прави криминал во Македонија, а вие да го прифаќате затоа што бил Бугарин? Дали Бугарите можат да прават кривични дела во други земји и потоа да бегаат во Бугарија без да одговараат пред законот, или ќе ги прифаќате криминалците само затоа што се ваши државјани? Само да знаете – Ива ќе остане само во Бугарија поради меѓународната потерница. А доколку навистина била болна, ќе одеше директно во болница, а не да станува ѕвезда по телевизиите. Со ваквото однесување самите ги терате Македонците да ве мразат“. Уште еден коментар тврди дкеа Михајлова поминала граница во багажник. „Ива Михајлова ја преминала границата во багажник како куче. Сега ова е ново – направи белја во Македонија, земи пасош во рака и бегај во Бугарија“. „Ива Михајлова веќе е ставена на меѓународна потерница од властите во Северна Македонија. Судот во Кочани одредил и 30-дневен притвор. И сега што правиме? Вчера масовно се поздравувавме, славевме „спасувачка…


