klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·21. 07. 2026. 07:57:23

Силното невреме проследено со поројни дождови, грмежи, силен ветер и град предизвика повеќе пожари, материјална штета и прекини во снабдувањето со електрична енергија во Куманово, Старо Нагоричане и Липково. Кумановските пожарникари вчера интервенирале во селата Челопек и Руѓинце, каде гаснеле опожарена куќа и пожар на житни површини. Дополнително, тие отстраниле паднато дрво врз возило на булеварот Октомвриска револуција, а интервенирале и на пожар на улицата Индустриска. Голема интервенција имала и Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане, која од 13:37 часот со три противпожарни возила и 12 пожарникари гаснела пожар на сува трева и нискостеблеста шума во атарот на селата Степанце и Добрача. Во акцијата се вклучиле и екипа од Шумското стопанство Куманово со четворица вработени, припадници на полицијата, пожарникари од Ранковце, како и два авиона за гаснење. Пожарот бил ставен под контрола по дождот. Во Старо Нагоричане, поради спојување на електрични жици предизвикано од силниот ветер, избувнале пожари и во селата Канарево, Пузајка, Руѓинце, Жегљане и Челопек. Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово информираат дека околу 17:30 часот подрачјето било погодено од силно невреме, по што на бројот 112 биле примени повеќе пријави од граѓани за прекини на електричната енергија, паднати дрвја и бандери, искрење и скинати…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti