Невремето ги активираше кризите штабови во Ѓорче Петров и Кисела Вода

Силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје ги активираше кризните штабови во општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, а општинските служби се на терен за справување со последиците. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информира дека кризниот штаб е ставен во функција и дека екипите ќе бидат присутни на терен за интервенција доколку има последици од невремето. „Во моментов општината е зафатена од силно невреме, активиран е кризниот штаб и ќе бидеме присутни на терен за справување со несакани последици доколку ги има“, објави Стојкоски. Тој соопшти дека за пријавување на итни ситуации е активиран и телефонскиот број 070 298 508, каде што граѓаните можат да пријавуваат штети и опасности. И градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, извести дека силниот ветер предизвикал паднати дрвја и искршени гранки на повеќе локации во општината. Како што информира, Кризниот штаб е веднаш активиран, а сите расположливи служби се веќе на терен и работат на сечење и отстранување на паднатите дрвја, како и на расчистување на блокираните улици и јавни површини. Од Општина Кисела Вода посочуваат дека активностите се координираат со Центарот за управување со кризи (ЦУК), ЕВН и службите на Град Скопје, со цел што побрзо да…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Smeće više ne „otiče“ u Komarnicu
