Невреме во Кочани и регионот, Општина Чешиново – Облешево без електрична енергија

Силно невреме го зафати Кочани и регионот денеска во доцните попладневни часови. Ветерот и водената стихија петнаесетина минути носеа се пред себе. Првичните информации велат дека повеќе сообраќајници во градот се непроодни поради искршени стебла од дрворедот, неколку куќи се останати без кров, во селото Бање, според изјавата на градоначалникот Владко Грозданов, има пожар во куќа. Грозданов е на терен со припадниците на ТППЕ и на ДПД Кочани. Повикува на смиреност и на пријавување на штетите во Центарот за управување со кризи или на веб страницата на Општината. Општината Чешиново - Облешево е без електрична енергија, како што информира градоначалникот Јорданчо Костадинов, поради искинат електричен кабел, паднат на регионалниот пат кој минува низ Облешево. Сообраќајот на овој патен правец од превентивни причини е во пречник. Екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот. Костадинов најавува формирање на кризен штаб, кој треба да ја утврди состојбата во текот на утрешниот ден, по што ќе бидат преземени соодветни мерки. (МИА)
Povezane vijesti

NESTALO 350 LEŽALJKI VRIJEDNIH 45.000 EURA, NAĐENE SU U ALBANIJI: Vlasnici znaju gdje su, ali ne mogu da ih vrate

22.07.2026
