klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Невреме го погоди јужниот дел на Загреб

Невреме го погоди јужниот дел на Загреб
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·18. 07. 2026. 14:29:11

Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, грмежи и град денеска го погоди јужниот дел на Загреб, додека Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска издаде портокалово предупредување поради невреме со громотевици што се очекува околу 15 часот. Невремето го зафати јужниот дел на хрватската престолнина и околината во текот на претпладнето, а поради интензивните врнежи дел од возачите биле принудени да ги запрат своите возила, пренесува „Т-портал“. Според медиумските извештаи, невремето предизвикало и проблеми во снабдувањето со електрична енергија во населбата Врбик. Портокалов метеоаларм е издаден и за регионите на Сплит и Дубровник, но поради исклучително високите температури, пренесува порталот „Нет.хр“.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti