Неверојатен факт по испаѓањето на Бразил: Ова не им се случило од 1966 година (ФОТО)

Елиминацијата на Бразил од Норвешка во осминафиналето на Светското првенство со резултат 2:0 донесе едно од најголемите изненадувања на турнирот, но и статистика што не се памети во историјата на „Селесао“. Играчите на Карло Анчелоти одиграа натпревар во кој имаа најмал посед на топката на Светските првенства откако се водат тие статистики. Според податоците на „Опта Жоао“, Бразил имаше само 34 проценти посед против Норвешка, што е најнизок процент од 1966 година, кога започнаа официјалните статистички мерења на Светското првенство. Веќе на полувремето беше јасно дека Норвежаните ја контролираа играта, бидејќи Бразил во тој момент имаше само 35 проценти посед. 34% - O Brasil teve 34% de posse de bola contra a Noruega, a menor marca da Seleção Brasileira numa partida de Copa do Mundo desde que há registros (1966). Estratégias. pic.twitter.com/fKbQ1tr1Lp — OptaJoao (@OptaJoao) July 5, 2026 До овој натпревар, Бразил никогаш не завршил натпревар на Светското првенство со помалку од 40 проценти посед. Скандинавците беа значително посигурни во организацијата на играта, што се потврдува со бројот на успешни додавања. Норвешка размени дури 680 успешни додавања, додека Бразил имаше само 329. Иако „Селесао“ имаше повеќе удари кон голот (14:9), Норвежаните беа многу поконкретни. Дури пет од нивните удари завршија…

