klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Нетанјаху планирал повторно да нареди напади врз Иран овој месец, го спречил Трамп поради среднорочните избори

Нетанјаху планирал повторно да нареди напади врз Иран овој месец, го спречил Трамп поради среднорочните избори
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·21. 10. 2026. 09:50:53

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планирал да нареди напади врз Иран овој месец, но американскиот претседател Доналд Трамп се спротивставил на повторното разгорување на конфликтот пред среднорочните избори во неговата земја, објави „Фајненшл тајмс“. Три лица запознати со тоа прашање му рекле на весникот дека израелската војска била подготвена да почне напади во текот на викендот на 10 октомври, со цел да ги таргетираат нуклеарни објекти и објектите на режимот на Иран, како и цивилната инфраструктура, вклучително и енергетските објекти, наведува весникот. Сепак, неименувани извори велат дека Трамп одлучил да не го обнови конфликтот пред среднорочните избори во САД, закажани за 3 ноември. Според изворот, нападите би биле поинтензивни од оние што ги извршија САД и Израел во февруари. Во извештајот се вели дека не е јасно дали САД би се приклучиле на тие напади. Сепак, еден извор му рекол на весникот дека „не е неразумно сценарио“ тие да бидат обновени во наредните недели. Еден извор вели дека Израел подготвил нов список на цели, што вклучува цивилни инфраструктурни објекти кои претходно не биле цел. Друг извор рече дека планираните напади од страна на израелската армија претходно овој месец можеби биле дел од преговарачка тактика и истакна дека одлуката за тоа дали…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti