klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Нетанјаху: Израел не се согласи со условите на Одборот за мир за разоружување на Хамас

Нетанјаху: Израел не се согласи со условите на Одборот за мир за разоружување на Хамас
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·05. 08. 2026. 11:31:06

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел не се согласил со планот на Одборот за мир за Газа, поддржан од САД, дури и откако добил уверувања дека израелската армија ќе се повлече од Појасот Газа само откако палестинската милитантна група Хамас ќе биде разоружана. Во видео објавено на Фејсбук, Нетанјаху рече дека тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го предводи Одборот за мир , „верува дека тие можат да доведат до разоружување на Хамас и демилитаризација на Газа“, објави „Тајмс оф Израел“. „Претседателот Трамп мисли, или неговиот тим мисли, дека тие можат да го принудат Хамас да се разоружа и да ја демилитаризира Газа. Ние го испитуваме тоа. Тие ни испратија нацрт. Ние не се согласивме со него. Тоа не беше наш нацрт. Ги повлековме нашите коментари“, рече Нетанјаху. Тој ги повтори коментарите што се појавија во медиумите во изминатите неколку дена, а им се припишуваа на „високи израелски функционери“, наведувајќи дека Израел нема да се повлече „од своите сегашни линии“ во Газа „сè додека Хамас не биде целосно разоружан“. Тоа е спротивно на планот за разоружување, што од Израел бара да се повлече на првичната Жолта линија во Газа, на која се повлече како дел од договорот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti