klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Нетанјаху: ИДФ ќе останат во Либан колку што е потребно, ние ќе ја одржиме воздушната супериорност

Нетанјаху: ИДФ ќе останат во Либан колку што е потребно, ние ќе ја одржиме воздушната супериорност
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·09. 07. 2026. 18:01:48

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека израелските сили ќе останат во Либан „колку што е потребно“. „Ќе останеме во безбедносната зона во јужен Либан колку што е потребно за да ја гарантираме безбедноста на нашите заедници на север“, рече Нетанјаху на церемонијата по повод завршувањето на обуката за пилотите на израелските воздухопловни сили, објави „Тајмс оф Израел“. Либан бара Израел да го исполни своето ветување да се повлече од две „пилот-зони“ на југот од земјата и да ги предаде на либанската армија пред да се согласи да учествува во следната рунда директни разговори, закажани за следната недела во Рим, пренесува израелскиот портал. Израелските сили сепак ќе одржуваат тампон зона во јужен Либан. Зборувајќи за кампањата против Иран, Нетанјаху го повтори своето претходно ветување дека „со или без договор, Иран нема да има нуклеарно оружје“. Тој истакна дека поддршката на американската армија значително ги зголемила воените капацитети на Израел. Без директно да ја спомене одлуката, Нетанјаху се осврна на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека има намера да продаде борбени авиони Ф-35 на Турција, членка на НАТО и еден од најгласните критичари на Израел. „Војната не е завршена. Покрај старите предизвици, постојано се појавуваат и нови. Старите оски се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti