Sport Sjeverna Makedonija
Нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·20. 07. 2026. 06:56:33
Најмалку 15 лица се уапсени за време на немирите што избувнаа во центарот на Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП објавија аргентинските медиуми. По поразот на Аргентина од Шпанија, илјадници навивачи се собраа кај националниот споменик Обелиск. Првично, протестот беше мирен, но подоцна група луѓе почнаа да фрлаат камења и шишиња кон полицијата. Неколку лица се искачија и на оградата околу Обелискот и потоа беа приведени од полицијата. Според весникот „Кларин“, во судирите биле повредени седум полицајци. Весникот известува дека органите за спроведување на законот употребиле солзавец и водни топови за да ги растераат насилните демонстранти.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

