klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

НЕРЕАЛНА БРОЈКА! Еве колку ќе заработи Славко Винчиќ во финалето на Светското првенство

НЕРЕАЛНА БРОЈКА! Еве колку ќе заработи Славко Винчиќ во финалето на Светското првенство
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·18. 07. 2026. 09:22:11

Словенечкиот судија Славко Винчиќ не можеше да ги сокрие солзите радосници кога дозна дека нему му припадна честа да ја дели правдата на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, утревечер. Овој ангажман без сомнение е апсолутна круна во кариерата на судискиот тим од Словенија, а како што пренесува медиумот „Дело“, историскиот успех ќе го почувствуваат и на банкарската сметка. Имено, главниот судија според проценките би требало да заработи околу 60.000 американски долари. Според пишувањата на словенечките медиуми, Винчиќ вкупно од ова Светско првенство би требало да инкасира околу 140.000 американски долари, а конечниот износ ќе зависи и од бонусите. Иако ФИФА официјално не ги објавува овие податоци, според достапните информации со овој износ влегува и фиксна сума од 70.000 долари само за појавување на Мундијалот, дополнително и додаток за секој суден натпревар поединечно. За потсетување, таксата по натпревар во групната фаза изнесуваше 3.000 американски долари, додека во нокаут-фазата износот беше нешто над 5.000 долари.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti