klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Неготинец се удавил во Вардар кај Црвени Брегови

Неготинец се удавил во Вардар кај Црвени Брегови
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 07. 2026. 10:04:54

Неготинец се удавил во Вардар кај неготинско Црвени Брегови, оваа информација денеска ја потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица во Неготино и Секторот за внатрешни работи - Велес. - Синоќа околу 20 часот во водите на реката Вардар, во неготинско, пронајдено е телото на Ј.К., 66-годишник од Неготино. На 03.07.2026 во 15:55 часот во ОВР - Неготино, Ѓ.К., на возраст од 42 години од Неготино, пријави дека се сомнева дека неговиот татко Ј.К., 66-годишник од Неготино, кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар, кај село Црвени Брегови, неготинско, затоа што бил недостапен, а кога тргнал да го бара, дел од опремата за риболов пронашол во реката - појаснија од СВР - Велес. Веднаш од страна на полициски службеници од ОВР - Неготино, неготинската Територијална противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и други лица биле преземени мерки за пронаоѓање на Ј.К., по што околу 20 часот било пронајдено телото и извлечено од водите на реката Вардар. Лекар од Итна медицинска помош - Неготино констатирал смрт без траги на насилство и по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti