klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Неделчо Крстевски на увид на градежните работи на улица ТРИФУН БУЗЕВ во Карпош

Неделчо Крстевски на увид на градежните работи на улица ТРИФУН БУЗЕВ во Карпош
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·26. 06. 2026. 10:14:14

Општина Карпош започнува акција за санирање на дел од улицата Трифун Бузев во населбата Карпош 4. Станува збор за поставување на нова асфалтна база на коловозот во должина од 112 метри, работа на долниот строј, како и замена на рабниците и бекатон плочките долж пешачката патека. Во таа насока ќе бидат реконструирани и двата паркинга кои се наоѓаат во непосредна близина на коловозот, со поединечна должина од 80 метри. По тој повод, заменик – градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски беше на увид на градежните работи кои се одвиваат на оваа улица. Целата оваа реконструкција ќе трае од 30 до 40 работни денови и ги замолувам граѓаните кои живеат на самата улица и во близина на истата да бидат трпеливи. Општината и во иднина ќе инвестира во модернизација и подобрување на инфраструктурната мрежа на целата територија на Карпош - истакна Крстевски. Изведувач на градежните работи е фирмата „Филип Инженеринг ДООЕЛ“, а целосниот зафат чини 8.441.538 денари. Средствата ги обезбеди Владата на РМ, а во случајов Општина Карпош ја доби оваа финансиска поддршка, откако изработи проект и аплицираше со него на Јавниот повик кој го распиша Министерството за локална самоуправа.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti