klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Не само зајачка риба и РИБА ЗМЕЈ на грчките плажи

Не само зајачка риба и РИБА ЗМЕЈ на грчките плажи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·06. 07. 2026. 08:41:41

Туристите кои деновиве летуваат во Северна Грција сè почесто споделуваат предупредувања на социјалните мрежи за присуството на т.н. „риба змеј“ (dragon fish), позната и како дракена. Еден од најсподелуваните постови се однесува на плажата Амолофи, во близина на Кавала, каде посетители тврдат дека забележале примероци од оваа риба во плиткото море. Иако нејзиниот убод е исклучително болен, експертите нагласуваат дека нема причина за паника – станува збор за вид кој одамна живее во Средоземното Море и не е нов инвазивен вид. Рибата змеј, научно позната како weever fish (семејство Trachinidae), најчесто достигнува должина од 10 до 15 сантиметри. Таа има песочна боја и речиси целосно се закопува во песокот, оставајќи ги надвор само очите и отровните боцки на грбот. Поради тоа е речиси невозможно да се забележи додека човек влегува во морето, а до убод најчесто доаѓа кога некој случајно ќе нагази на неа. И покрај застрашувачкото име, дракената не е агресивна и не ги напаѓа луѓето.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti