klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

„Не ја прифаќаме неконтролираната имиграција“: Премиерките на Италија и Данска бараат заштита на европските христијански вредности

„Не ја прифаќаме неконтролираната имиграција“: Премиерките на Италија и Данска бараат заштита на европските христијански вредности
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·10. 08. 2026. 11:27:04

Премиерките на Италија и на Данска, Џорџа Мелони и Мете Фредериксен, денеска објавија изјава насловена „Заедничка порака за Европа“, во која ја претставуваат својата заедничка визија за иднината на европскиот континент, безбедноста на европските граѓани и потребата од заштита на европските вредности и европскиот начин на живот. На почетокот на изјавата, Мелони и Фредериксен признаваат дека потекнуваат од различни политички семејства со многу различни политички ставови и дека сигурно не се согласуваат за сите прашања, но ги нагласуваат своите допирни точки. „Ние двете сме единствените жени кои раководат со влади во земјите на ЕУ. Едната од нас раководи со голема земја од Југот, а другата со мала земја од Северот, но нè обединува желбата да ја браниме Европа“ - наведуваат тие. „Не ја прифаќаме неконтролираната имиграција кон Европа и водиме строга миграциска политика и во нашите земји и во Европа. Никој не може да го негира негативното влијание на нелегалната имиграција врз нашите општества, што доведува до зголемување на криминалот, зголемен притисок врз јавните услуги и ерозија на довербата на граѓаните“ - нагласуваат Фредериксен и Мелони. – Особено сериозно е кога нелегални мигранти, кои немаат право да останат во нашите земји, вршат тешки кривични дела, трговија со дрога или сексуално…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti