klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Натпреварувач почина за време на трката „Ајронмен“ во Пореч

Натпреварувач почина за време на трката „Ајронмен“ во Пореч
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·19. 10. 2026. 20:17:26

Трагедија ја одбележа триатлонската трка „Плава Лагуна Ајронмен 70.3“ во хрватскиот град Пореч, откако еден од натпреварувачите почина за време на пливачкиот дел од натпреварувањето. На натпреварувачот му се слошило додека бил во водата, по што веднаш интервенирале медицинските екипи. И покрај брзата реакција и обидите за укажување помош, неговиот живот не можел да биде спасен. „Длабоко сме потресени што мораме да потврдиме дека почина натпреварувач за време на денешната трка Ајронмен во Пореч. Длабоко сочувство до неговото семејство и пријателите“, соопштија организаторите. На овогодинешното издание на „Плава Лагуна Ајронмен 70.3“ учествуваа околу 2.200 натпреварувачи, а трагичниот настан го засени спортскиот дел од манифестацијата. Во конкуренција на мажите, победата му припадна на Французинот Артур Солер, додека кај жените најдобра беше неговата сонародничка Лила Барди. Трката „Ајронмен 70.3“ е позната и како полудистанца, бидејќи натпреварувачите треба да поминат вкупно 70,3 милји, односно приближно 113 километри. Натпреварувањето се состои од пливање, возење велосипед и трчање и бара исклучителна физичка подготвеност и издржливост.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti