klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

НАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територија

НАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·08. 07. 2026. 16:58:05

Сојузниците остануваат посветени на зацврстувањето на безбедноста и единството на Алијансата, а со зајакнување на соработката, зголемување на инвестициите во одбраната, развојот на европската и трансатлантската одбранбена индустрија и јакнењето на одбранбените капацитети и способности, Алијансата ќе биде уште посилна. Тоа се пораките кои беа испратени од денешниот (8 јули) состанок на Северноатлантскиот совет на ниво шефови на држави и влади, на кој учествуваше и македонска делегација составена од министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, а предводена од претседателката и врховен командант на македонската Армија, Гордана Сиљановска – Давкова. На состанокот стана збор и за заедничката безбедносна и одбранбена политика во рамки на ЕУ зашто „посилна Европа значи и посилно НАТО“. Дополнително, учесниците разменија мислења и за актуелните безбедносни случувања во Украина и Иран како и за влијанието на Кина. Во заедничката изјава по завршување на состанокот на лидери, министерот Мисајловски посочи дека пораката од сите европски земји е дека имаме заедничката безбедносна и одбранбена политика и дека земјава е дел од оваа европска политика. „Ако во рамките на НАТО сме семејство на исто ниво, тоа треба да важи и за Европската Унија“, рече Мисајловски и додаде дека повеќето држави го…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti