НАТО по соборувањето на трет дрон во Романија за 48 часа: Подготвени сме да реагираме 24 часа дневно

НАТО во неделата реагираше по најновиот инцидент во кој романските воздухопловни сили соборија дрон што навлезе во романскиот воздушен простор. Станува збор за трет ваков случај во последните 48 часа, по претходните инциденти во близина на Падина и Свети Ѓорѓе. „Можеме да потврдиме дека романски борбен авион Ф-16 собори дрон над романскиот воздушен простор во неделата наутро. Авионот, кој беше еден од двата што полетаа, дејствуваше под команда на НАТО. Во тек е истрага, а Алијансата е во постојан контакт со романските власти. НАТО е подготвен и способен да реагира на каква било потенцијална воздушна закана 24 часа дневно, седум дена во неделата, со цел да ги заштити својата територија и своите граѓани“, соопшти Алијансата. Претседателот на Романија, Никушор Дан, претходно информираше дека дронот бил соборен во 10:13 часот над романските територијални води во областа Сулина – Килија. „Им честитам на романските пилоти и на екипите на земја за професионалноста, храброста и ефикасноста со која ги извршуваат своите задачи. Со нивната акција придонесуваат за одбраната на националната територија и безбедноста на романските граѓани“, изјави Дан. Тој потсети дека, според истрагата на романското Обвинителство, дронот соборен во петокот бил од типот „Шахед“, беспилотно летало што Русија го користи во војната против…


