klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

НАСА: Дел од ракета на „Фалкон 9“ најверојатно удри во Месечината создавајќи голем кратер

НАСА: Дел од ракета на „Фалкон 9“ најверојатно удри во Месечината создавајќи голем кратер
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·06. 08. 2026. 07:12:13

Дел од ракета „Фалкон 9“ на „Спејс-Екс“, тежок околу четири тони, најверојатно удри во површината на Месечината. Иако не претставуваше ризик за Земјата, ударот, според процените, резултираше со формирање нов кратер, соопшти НАСА. Според неа, ударот се случил на границата меѓу видливата и невидливата страна на Месечината, што ја намалило неговата видливост. Делот висок приближно колку петкатна зграда, во јануари 2025 година лансираше два комерцијални лендери кон Месечината-американски и јапонски. Според астрономите, тој требало да удри во површината на Месечината со брзина од околу 8.690 километри на час, при што се очекувало да се подигне облак од месечева прашина долг повеќе километри, невидливи од Земјата. - И покрај користењето телескопи со голема моќ и специјализирани камери, не успеавме да го потврдиме моментот на ударот, најверојатно затоа што местото на судирот се наоѓа во близина на работ на видливата страна на Месечината, наведоа астрономите. Според НАСА, ударот можел да формира кратер со пречник од околу 18 метри и длабочина од околу четири метри, при што од кратерот биле исфрлени прашина и карпест материјал. Таа додаде дека собраните материјали ќе им помогнат на научниците подобро да ги разберат последиците од вештачките удари во површината на Месечината и да ги унапредат методите за…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti