Направете вкусна крем-супа од тиквички

Лесна, кремаста и ароматична супа која се подготвува од едноставни состојки. Состојки: 600 грама тиквички 300 грама компири 80 грама кромид 1–2 чешниња лук 100 милилитри неутрална павлака за готвење 1,5 литар вода 2 лажици путер 2–3 лажици лимонов сок 1 лажица сув зачин Начин на подготовка: Во тенџере загрејте го путерот, па кратко пропржете го ситно исечканиот кромид додека да омекне. Додајте ги тиквичките исечени на парчиња и динстајте уште неколку минути. Додајте ги исечените компири, 1 литар вода и сувиот зачин. Варете околу 20 минути, односно додека зеленчукот да омекне. Пред крајот додајте го ситно изгмечениот лук. Сварениот зеленчук изблендирајте го додека да добиете мазна и кремаста смеса. Додајте ја преостанатата вода, павлаката за готвење и лимоновиот сок. Измешајте и оставете ја супата кратко да проврие. Крем-супата од тиквички послужете ја топла. По желба, додајте моцарела исечена на мали коцки за дополнителна кремастост и побогат вкус. (МИА)


