НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИОТ КРИМИНАЛИТЕТ: Сузбиени над 30 организирани криминални групи за две години

Република Македонија денес го има најниското ниво на криминалитет во последните 20 години. Во изминатите две години бележиме намалување на вкупниот криминалитет, постигната е вкупна ефикасност од 69 проценти, а значително е зголемен и бројот на откриени сторители. Ова го истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешниот отчет за сработеното на МВР во изминатите две години. Според него, овие резултати се потврда за посветената работа на полициските службеници, подобрената координација и навременото постапување на терен. -Особено значајни се резултатите во борбата против организираниот криминал. Сузбиени се над 30 организирани криминални групи, кои дејствувале во различни области – од недозволена трговија со дрога и корупција, до криумчарење мигранти, недозволена трговија со оружје, фалсификување пари, трговија со луѓе и други тешки облици на криминал. Зад овие бројки стојат пресечени криминални канали, спречени незаконски активности и испратена јасна порака дека никој не е над законот и дека институциите имаат капацитет да се справат со најсериозните безбедносни предизвици, посочува Тошковски. Додава дека значајни резултати се постигнати и во областа на корупцијата. -Бројот на сузбиени организирани криминални групи со коруптивно делување е зголемен за 50 проценти. Сузбиени се шест такви групи, при што кривично се пријавени 146 физички и 18 правни лица. Откриени…