Biznis Sjeverna Makedonija
Намалено индустриското производство во ЕУ и во еврозоната

Kurir.mk·Ивона Петрова·16. 10. 2026. 07:47:29
Индустриското производство во еврозоната во август 2026 година е намалено за 0,5 проценти во однос на јули, додека во целата Европска Унија е забележан пад од 0,3 проценти, покажуваат првичните проценки на Евростат. Пад на индустриското производство е забалежан и во јули - во еврозаната за 0,3 проценти, а во ЕУ за 0,4 отсто. На годишно ниво, индустриското производство во август годинава е намалено за 1,1 процент во еврозоната и за 0,2 проценти во ЕУ. Најголеми годишни намалувања на индустриското производство се забележани во Ирска од 15 проценти, Белгија од 7,1 процент и Бугарија од 5,4 проценти. Најголем раст е регистриран во Холандија од 9,8 проценти, Унгарија од 8,8 проценти и Данска од 8,3 проценти. (МИА)
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


