klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Највисокиот и најнискиот кошаркар во НБА потпишаа договор во ист ден со ЛА Клиперс

Највисокиот и најнискиот кошаркар во НБА потпишаа договор во ист ден со ЛА Клиперс
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·10. 08. 2026. 12:03:15

Лос Анџелес клиперс го објавија потпишувањето на центарот Џамарион Шарп и плејмејкерот Јуки Кавамура. Шарп, кој претходно играше за Далас, потпиша двонасочен договор, додека Кавамура потпиша едногодишен договор со минимална плата и може да настапува и за тим од развојната лига. Јапонскиот играч ја помина минатата сезона во Чикаго. Според податоците од лигата, Шарп е висок 226 см, а Кавамура е висок нешто повеќе од 170 см, што ги прави највисок и најнизок од играчите во НБА пред почетокот на сезоната. Највисоките играчи во историјата на НБА се Романецот Георге Мурешан и Суданецот Мануте Бол, кои двајцата играа во лигата на крајот од минатиот век. Двајцата кошаркари беа високи 231 см. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti