klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·02. 08. 2026. 11:58:05

До крајот на денот ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер со променлив правец и со температура до 39 степени. Најтопло денеска ќе биде во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени, натаму во Гевгелија, Штип и Струмица 38 степени, додека во Тетово и Битола 36 степени. Утрово најстудено било во Берово со температура од 9 степени, додека дневната ќе се искачи до 31 степен. Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33 степени Целзиусови, а на некои места ќе надмине 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti