klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Најстудено на Попова Шапка со 7 степени

Најстудено на Попова Шапка со 7 степени
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·22. 10. 2026. 07:30:52

Најниска минимална температура од седум степени изутринава е измерена на Попова Шапка, а највисока од 16 степени во Демир Капија и Гевгелија. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи најниска температура од 7 степени е измерена на Попова Шапка, 10 степени во Маврови Анови, Крушево, Берово и Крива Паланка, 11 во Прилеп, 12 во Охрид, Претор, Тетово, Виница и Кавадарци, 13 во Битола и Струмица, 14 во Куманово и на мерните места Скопје-Зајчев Рид и Скопје-Петровец, 15 во Штип и Велес, а најтопло со 16 степени во Демир Капија и Гевгелија. Во Лазарополе во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврнале 17 литри дожд на квадратен метар, а во Попова Шапка, Маврови Анови и Тетово по 14 литри на квадратен метар. Во Охрид се измерени девет литри, во Претор осум, во Крушево пет, во Битола и Скопје-Петровец по три, во Велес, Куманово и Крива Паланка по два, а во Штип, Прилеп, Виница и Гевгелија по еден литар на квадратен метар. Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во одделни котлини ќе има утринска магла, а ќе дува…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti