klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Најпознатиот и најемотивниот поет на Балканот, Марко Милошевиќ, ексклузивно рецитира и разговара за МИА: „Подигнете го ракавот – ако сте се наежиле од стиховите, добро е!“

Најпознатиот и најемотивниот поет на Балканот, Марко Милошевиќ, ексклузивно рецитира и разговара за МИА: „Подигнете го ракавот – ако сте се наежиле од стиховите, добро е!“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·23. 07. 2026. 08:18:22

Успеа да го направи она што многумина го сметаа за невозможно во 21. век – ја врати поезијата на голема врата, полнејќи ги салите широм Балканот со својата препознатлива едиција „Поезија на животот“, во чии рамки има има објавено неколку збирки поезија: „Низ животот со душа („Kroz život dušom“) - неговата прва книга, 2020, „Победа над себе“ („Pobeda sebe“), „Благодарен“ („Zahvalan“), „Капут“ („Kaput“), „Prava ljubav“... Неговата популарност расте со неверојатна брзина и не е чудно бидејќи зборовите се едноставни, а емоциите силни. Неговите стихови се карактеризираат со длабока интроспекција, искреност и потрага по смислата, љубовта, радоста и среќата во секојдневието. Марко Милошевиќ, српскиот поет, во ексклузивен разговор за МИА зборуваи за тоа од каде овие стихови, што мисли за критиката, а што за читатетлите, се живее ли од поезија... Она што го издигнува Марко над обичниот комерцијален успех е неговиот силен хуманитарен ангажман. Веќе со години, комплетниот приход од продажбата на неговите книги е наменет исклучиво за хуманитарни цели. Карактеристично за неговиот проект е што неговите песни ги рецитираат десетици најпознати актери од поранешна Југославија, а самиот тој активно настапува низ целиот регион со музичко-поетски вечери во соработка со познатиот кантавтор Борис Режак, каде ги комбинираат неговите стихови со музика…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti