Најновата анализа: Европа плаќа најскапи сметки за енергија – каде е Македонија?

Најновата анализа на Visual Capitalist открива дека Европа убедливо доминира на листата на земји во кои домаќинствата плаќаат највисоки сметки за енергија. Дури 24 од првите 30 земји со најголеми годишни трошоци се наоѓаат токму на Стариот континент, а на самиот врв се Шведска, Финска и Австрија. Иако Македонија не е меѓу државите со највисоки номинални сметки, експертите предупредуваат дека реалната слика е многу посложена. Причината е едноставна – македонските домаќинства имаат значително пониски приходи од просекот во Европската Унија, па дури и пониските сметки претставуваат сериозен товар за семејниот буџет. Во споредба со западноевропските земји, граѓаните во Македонија плаќаат помалку за електрична енергија благодарение на регулираниот пазар и државните мерки, но ако се земе предвид куповната моќ, издатоците за енергија се далеку почувствителни отколку што покажуваат самите бројки. Дополнителен предизвик е начинот на греење. Голем дел од македонските домаќинства и понатаму користат огревно дрво, додека значителен број се греат на струја, што во зимските месеци носи значително повисоки сметки. Во последните години сè повеќе семејства преминуваат на инвертер-клими и други поефикасни системи, но тие бараат почетна инвестиција што не секој може да си ја дозволи. Слична е состојбата и во останатите земји од Западен Балкан. Србија, Босна и Херцеговина…


