klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Велес, денес сончево и до 34 степени

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Велес, денес сончево и до 34 степени
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·13. 07. 2026. 06:49:26

Најголема количина врнежи во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утринава, е измерена во Велес - 8 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според мерењата на дождомерните места на УХМР, 6 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, 5 во Штип, по 3 во Скопје-Петровец, Тетово и Маврови Анови, по 2 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Пожаране, додека по 1 литар на метар квадратен е регистриран во Прилеп и Берово. Од УХМР посочуваат дека поради локалниот карактер на врнежите, количината на воден талог може значително да варира, па на одделни места да биде и многу поголема од измерената. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен и на места ќе достигнува брзина до 50 километри на час. Максималната дневна температура ќе се движи од 27 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе засилува, а дневната температура ќе достигне до 33 степени.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti