klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Најмалку 55 лица се удавија во Франција обидувајќи се да се разладат од екстремните горештини

Најмалку 55 лица се удавија во Франција обидувајќи се да се разладат од екстремните горештини
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·26. 06. 2026. 12:35:58

Најмалку 55 лица се удавија во Франција додека се обидуваа да се разладат од рекордните горештини - изјави министерката за спорт Марина Ферари за радиодифузерот Франсинфо. Властите стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми во наредните денови бидејќи 61 департман е под црвена тревога поради екстремните температури, а уште 25 се под портокалова тревога. Според Метео-Франс, температурите денеска во различни делови на земјата ќе се движат меѓу 36 и 41 степен Целзиусов. Министерката за здравство Стефани Рист предупреди дека болниците би можеле да се соочат со многу тежок крај на неделата бидејќи расте бројот на посетите на ургентните одделенија и повиците до службите за итна помош. Парискиот полициски префект Патрис Фор изјави дека болниците во Париз и во околниот регион веќе се преоптоварени. Премиерот Себастиен Лекорни вчера го објави активирањето на третото ниво од здравствениот итен план ОРСАН, што го оцени како „највисоко ниво на мобилизација на здравствениот систем“. Париските власти, исто така, ја забранија консумацијата на алкохол на јавни места од пладне денеска, како дел од мерките за справување со последиците од топлотниот бран. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti