klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Најмалку 44 лица загинаа во поплави и свлечишта во Бангладеш

Најмалку 44 лица загинаа во поплави и свлечишта во Бангладеш
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·11. 07. 2026. 20:19:36

Најмалку 44 лица загинаа во Бангладеш во поплави и свлечишта предизвикани од повеќедневните поројни монсунски дождови. Министерството за управување со катастрофи денеска соопшти дека поплавите го нарушиле секојдневниот живот, изолирале илјадници семејства и оставиле отсечени 267.918 домаќинства. Прекините во снабдувањето со електрична енергија, оштетените патишта и прекинатите комуникациски врски ги забавија спасувачките акции и испораката на помош. Многу жители со денови не можеле да подготвуваат храна бидејќи поплавните води им ги поплавиле домовите, додека кај други дебели слоеви кал ги прекриле кујните и просторот за живеење. Илјадници семејства се потпираат на сува храна, како што се ориз или бисквити. Меѓутоа, разурнатите патишта и оштетените мостови им го отежнаа пристапот на хуманитарците до некои од најтешко погодените заедници. Припадниците на војската и морнарицата со чамци превезуваат храна, вода за пиење, лекови и други неопходни резерви во изолираните подрачја. - Владата прави сè што е можно за да им помогне на жртвите од поплавите. Се дистрибуира помош, безбедна вода за пиење и медицински материјали, а ги повикуваме луѓето чии домови се поплавени да се преселат во најблиското засолниште – изјави министерот за управување со катастрофи и помош, Икбал Хосаин, за време на посетата на погодените подрачја во Чатограм. Обилните дождови исто така…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti