Најмалку 20 ученици загинаа откако автобус со кој патувале се урна во источна Уганда

Најмалку 20 ученици и едно возрасно лице загинале кога се превртел автобусот со кој патувале на училишна екскурзија во источниот дел на Уганда, соопштија локалните власти. Во несреќата што синоќа се случила во областа Капчорва, повредени се десетици лица, меѓу кои и членови на училишниот персонал. Според првичната истрага, возачот изгубил контрола над автобусот поради механички дефект. Полицијата соопшти дека возилото излетало од патот, удрило во голем камен покрај коловозот и потоа се превртело. Автобусот превезувал ученици од основното училиште „Крал Давид“ во Ндеје и се превртел околу 20 часот по локално време во селото Чекватииту, во областа Кавова. Учениците се враќале од студиска екскурзија, во посета на водопадите Сипи. View this post on Instagram A post shared by 𝗞𝗲𝗻𝘆𝗮 𝗚𝗼𝘀𝘀𝗶𝗽 𝗖𝗹𝘂𝗯 (@kenya.gossip.club)

